На 11.05.2018 година во 13:00 часот во Полициската станица Карпош, 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало.
Откако на 30.04.2018 година ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител.
Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот Фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.