Миистерството за внатрешни работи информира дека на 07.10.2022 во 16.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода А.Б.(25) и И.Б.(60), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава на Е.М.(30) од Скопје според која околу 16.00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, по претходнa меѓусоседска расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од А.Б., а И.Б. со остар предмет оштетила играчка на неговите деца.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.