Пријава за сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга добила полицијата вчера.
Неофицијално, гробот бил осквернавен во обид да биде ограбен, но засега од полицијата не соопштуваат повеќе детали.
Потврдуваат дека случајот е пријавен кај нив и работат по пријавата.
– Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.