На регионалниот пат Р-1305 во близина на с.Белче на место викано „Белечки кривини“, вчера патничко моторно возило „опел“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(33) од с. Мренога, демирхисарско излетало од коловозот.
По незгодата на Н.П. во Клиничка болница Битола му биле констатирани тешки телесени повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско Одделение Демир Хисар.