понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил излетала од патот, тешко повредена жена од Куманово

Со автомобил излетала од патот, тешко повредена жена од Куманово

Денеска (13 февруари) околу 13 часот и 10 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, на излезот од Тетово, во близина на клучката Север, патничко моторно возило “опел корса” со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната А.М. од Куманово, се превртело на коловоз.

Во несреќата, А.М., која била сама во возилото, задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.