сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил удрил во паркирано возило, па настанал пожар – тешко повредена жена

Со автомобил удрил во паркирано возило, па настанал пожар – тешко повредена жена

На 23.12.2021 во 08.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Карл Маркс“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Штип, удрило во паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, при што настанал пожар во возилото „шевролет спарк“, информира МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.К.(62) од Штип, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.