сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил возел по пешачка патека во Градски парк

Со автомобил возел по пешачка патека во Градски парк

Денеска (22.05.2022) по претходно добиени информации дека околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, информира МВР.

Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.

Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.