На 23.03.2023 во периодот од 11:30 часот до 15:00 часот на повеќе локации во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со претставници на Центарот за социјална работа спровеле активност за справување со питачење како незаконска појава.
Во акцијата откриени и со соодветни поднесоци биле санкционирани четири женски и едно машко лице од Тетово и Скопје.
Три од женските лица биле со малолетни деца.