На локалниот пат во село Курија, неготинско, вчера во 13:50 часот Р.Т.(31) од село Тимјаник, неготинско управувајќи патничко моторно возило „Опел фронтера“ со неготински регистарски ознаки излетал од патот.
Во незгодата Р.Т. се здобил со тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.