среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со фолксваген поло удрил во 46 годишен пешак – еве ги деталите

Со фолксваген поло удрил во 46 годишен пешак – еве ги деталите

Вчера во 11.40 часот во Штип на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот З.П. удрило во 46-годишниот И.И., двајцата од Штип.

На И.И. му била укажана помош во клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа, соопштија надлежните.