понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со матичен број од друго дете извадиле извод за новороденче – кривична пријава за три лица, еве каква измама направиле

Со матичен број од друго дете извадиле извод за новороденче – кривична пријава за три лица, еве каква измама направиле

СВР Скопје поднесе кривична пријава К.Н.(32), Б.Х.(31) и Ш.Х.(29), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Првопријавениот, референт-матичар во Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второ и третопријавениот, им изготвил и издал извод од матична книга на родени на име на нивното дете без да има доказ за уплатена административна такса за издавање на извод.

Воедно, првопријавениот го изготвил изводот со невистинити податоци, односно во графата ЕМБГ вметнал веќе постоечки матичен број на малолетно дете од Тетово и со своерачен потпис и службен печат од Управата за водење на матични книги го заверил документот.