недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со мотор му ја згазил ногата на малолетник, па избегал – еве ги деталите

Со мотор му ја згазил ногата на малолетник, па избегал – еве ги деталите

На 21.12.2022 во 21.35 часот во СВР Тетово, К.С.(45) од с.Пршовце, тетовско, пријавил дека околу 14.30 часот пред основно училиште во с.Пршовце, мотоцикл со непознати регистарски ознаки поминал преку стапалото на неговиот малолетен син и го напуштил местото.

Притоа, малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.