Во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 21 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.