На 11.12.2021 во 19.30 часот било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица Радовиш, во с.Владевци, на бензинска станица, патничко моторно возило “опел тигра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(40) од с.Злеово, удрило во бетонски столб.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К.. Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.