Во СВР Скопје, вчера во 11:30 било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Втора македонска бригада“, М.Ж.(32) од Скопје со остар предмет се заканувал на вработениот Љ.В.(66) и на гостите.
Според пријавеното, Т.Н.(55) од Скопје, гостин во објектот, обидувајќи се да го запре М.Ж., бил нападнат со остар предмет од друг гостин, С.Б., при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Се работи на расчистување на случајот.