сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со пластичен пиштол им се заканувал на ученици: Дете од Чаир си ја чека казната, МВР со детали

Со пластичен пиштол им се заканувал на ученици: Дете од Чаир си ја чека казната, МВР со детали

На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето.

Разговорот е извршен постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето  дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.