петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со возило бегал од полицијата, еве што превезувал

Со возило бегал од полицијата, еве што превезувал

На 26.10.2022 околу 23:10 часот во с.Таринци, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица Штип во содејство со Шумска полиција дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“, но возилото не застанало и продолжило со движење.

Набргу, во близина на с.Оџалија, општина Карбинци, возилото било запрено и при извршената контрола било констатирано дека С.М.(35) од с.Кучица, општина Карбинци, во возилото превезувал огревни дрва без документација.

Возилото и дрвата биле одземени од Шумска полиција и биле предадени на Шумско стопанство Штип за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.