сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со возило на МВР усмртил домашно куче

Со возило на МВР усмртил домашно куче

Г.С.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Шкода јети“ сопственост на МВР, вчера околу 15:10 часот удрил и усмртил куче од раса „хавенезер“, сопственост на М.К.(57) од Скопје.

Несреќата се случила на улицата „50-та Дивизија“, која се наоѓа во близина на Министерството за внатрешни работи.

Извршен е увид на местото на настанот, а известен е и Одделот за внатрешна контрола со цел расчистување на случајот.