среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа во Скопје, повредени повеќе лица

Сообраќајна несреќа во Скопје, повредени повеќе лица

На 06.09.2023 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Московска“ и ул.„Женевска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, управувано од М.Т.(22) од Скопје и патничко возило „хјундаи акцент“, управувано од М.Ц.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, додека М.Ц.(56) и неговиот сопатник Х.П.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.