петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна незгода во Скопје – возило со германски таблици удрило во велосипед

Сообраќајна незгода во Скопје – возило со германски таблици удрило во велосипед
илустрација

На 13.08.2021 во 20.05 часот на крстосница од локален пат с.Стајковци-с.Црешево, локален пат Скопје-с.Страчинци и приклучокот кој води кон автопат Северна обиколница на град Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“, со германска национална ознака, управувано од Ј.Г.(29) од с.Страчинци, скопско, удрило во велосипед управуван од Т.Г.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Г., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.