На 29.05.2022 година од 15 до 21 часот, при извршени сообраќајни контроли кон возачи на мопеди и моторцикли, евидентирани се вкупно 14 прекршоци (Охрид-04, Кичево-08, Дебар-02) од кои, најчест е некористење заштитен шлем-кацига за време на управувањето.
Против прекршителите, изречени се соодветни прекршочни платни налози. Целта на сообраќајните контроли е доследно придржување на законската обврска за задолжително носење заштитна опрама при управување со мотори и мопеди.