Сопружници ноќеска биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување кон полициски службеници.
Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил пред угостителски објект на улица “Анастас Митрев“ во Скопје.
-Б.Л.(26) и неговата сопруга А.М.Л.(22) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.