СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 24.02.2020, пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета.