вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Спречен обид за силување во струмичко

Спречен обид за силување во струмичко
фото илустрација

Внук на шеесет и седумгодишна жителка од Струмица и негов пријател вчера го спречиле А.К. (28) од село Бориево да изврши полови дејствија врз струмичанката, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Имено, вчера околу 23:30 часот струмичанката пријавила дека додека била во својот дом дошол А.К. и се обидел да ја силува. Таа по телефон го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино, кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале А.К. со тврд предмет.

Синоќа околу 01:40 часот на подрачјето на Ново Село полициски службеници го лишиле од слобода А.К. заради основано сомневање за сторено кривично дело силување казниво по член 186, став 5 од Кривичниот законик.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.