На Граничниот премин Долно Блаце, на влез во земјава, вчера околу 11:30 часот е уапсен државјанин на Србија.
-При извршена проверка на А.О.(39) од Р.Србија, било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол, информираат од МВР.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.