четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Среде епидемија: Славеле матура со жива музика во Делчево

Среде епидемија: Славеле матура со жива музика во Делчево

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и против Н.Д.(30) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

На 20.05.2021, пријавените овозможиле организирање на матурска забава на матуранти од средно училиште од Делчево со присуство на жива музика, што било спротивно на одлуката на Владата со која сите угостителски објекти од 28.04.2021 до 15.05.2021 година се затвораат за посетители после 20:30 часот и не е дозволено организирање на прослави.