Вчеравечер, во 20 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода 54-годишниот М. В. од Република Србија, извести МВР.
„При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека е со мерка ‘апси’ на барање од Интерпол Холандија“, соопшти МВР.
Тој бил предаден на полициските службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.