понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Српски државјанин уапсен на скопскиот аеродром, бил баран од Интерпол Холандија

Српски државјанин уапсен на скопскиот аеродром, бил баран од Интерпол Холандија

Вчеравечер, во 20 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода 54-годишниот М. В. од Република Србија, извести МВР.

„При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека е со мерка ‘апси’ на барање од Интерпол Холандија“, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициските службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.