Б.Т.(44) од Охрид вчера пријавил дека околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од с.Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.
Возилото со кое биле, претходно го оставиле во с.Велестово.
-Од тој момент до 21.00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21.00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05.00 часот на 19.06.2018 година лицата биле пронајдени, информираат од МВР.