Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.М.(36) од село Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 01.06.2023 во угостителски објект во село Ливада, пријавениот физички го нападнал вработениот Ш.З.(58) и оштетил дел од инвентарот.