Полициски службеници на СВР Битола денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 17 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.
СВР Битола и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.