На 01.02.2022 во периодот од 20.30 до 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица и три патнички возила со струмички регистарски ознаки.
При контролата во автобус на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко, било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Исто така, биле затекнати и повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат. Додека, при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација.
За настаните биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.