понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

СВР Тетово: За пет часа 41 прекршок за непрописно престигнување

СВР Тетово: За пет часа 41 прекршок за непрописно престигнување
Фотоилустрација

Денеска (19 февруари) од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е сообраќајна акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, во која вкупно бил откриен и санкциониран 41 прекршок (ТЕ-22 и ГВ-19).На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци, а санкционирани биле и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.