среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени нема

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени нема

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство- маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција.

Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во семејната куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, било извршено убиството.

Земени се и парафински ракавици и извршен е претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.

Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.