На 30.05.2022 во 01.10 часот, полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар ги лишиле од слобода Х.Џ.(36) и Д.Џ.(33), двајцата од Скопје, затоа што на ул.„Максут Садик“ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, поради нерасчистени семејни односи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.