среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тепачка пред угостителски објект во Велес, повредено 21-годишно момче

Тепачка пред угостителски објект во Велес, повредено 21-годишно момче

На 27.03.2021 во 21.05 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.К.(21) од с.Горно Оризари, велешко.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди околу 21.00 часот на ул.„Вардарска“, во близина на угостителски објект, при физичка пресметка помеѓу него и едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.