На 30.10.2022 во 01:35 часот било пријавено дека во Кавадарци по претходна расправија дошло до меѓусебна пресметка помеѓу З.К.(49) од една страна и М.С.(55) и П.С.(26) од друга страна, сите од Кавадарци, при што З.К. со остар предмет му нанел повреди на М.С.
Потоа тој бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување на лекарска помош.
З.К. и П.С. се лишени од слобода и се превземаат мерки за расчистување на случајот.