петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тепачка во Прилеп, различни пријави во полиција

Тепачка во Прилеп, различни пријави во полиција
илустрација

На 13.06.2021 во 01.35 часот во Полициската станица Прилеп бил лишен од слобода Д.В.(30) од Прилеп, затоа што околу 01.00 часот на ул.„Мечкин Камен“ физички го нападнал Д.Д.(27) од Прилеп и му го оштетил возилото „пасат“, со прилепски регистарски ознаки.

Притоа, Д.В. пријавил дека во истиот период и на истото место бил физички нападнат од Д.З. од Прилеп.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.