среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тепачка во угостителски објект во центарот на Скопје

Тепачка во угостителски објект во центарот на Скопје

На 01.01.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Св.Килимент Охридски“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку машки лица врз Ф.К.(21) и Г.И.(22), двајцата од Кавадарци.

Според пријавеното, во нападот биле употребени и стаклени предмети, а бил оштетен и дел од инвентарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.