петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка кражба во фирма во Гевгелија

Тешка кражба во фирма во Гевгелија

На 21/22.09.2018 година во период од 23:30 до 7:15 часот во Гевгелија на ул. „Индустриска“ во хала на приватна фирма извршена е тешка кражба.
Сторителот влегол преку прозорец во канцеларија, каде од метален сеф кој насилно го отворил, одзел еден милион денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.