четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА – воз удри во автомобил со две лица, едното загинало, другото во тешка состојба!

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА – воз удри во автомобил со две лица, едното загинало, другото во тешка состојба!

Тешка железничка несреќа утрово во близина на Прилеп.

Според првичните информации, возот кој сообраќа на релација Битола-Скопје во близина на Прилеп удрил во патнички автомобил при што едно лице го загуби животот, а друго итно е хоспитализирано со сериозни повреди.

4NEWS.mk пренесува дека во несреќата животот го загуби 34 годишен маж со иницијали Д.М.

Трагедијата се случила утрово околу 04 часот на преминот кај местото викано “Сточен Пазар”.