сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден бездомник во Скопје: Гореше напуштена куќа во која тој престојувал

Тешко повреден бездомник во Скопје: Гореше напуштена куќа во која тој престојувал
илустрација

На 02.04.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24).

Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од СВР Скопје.