На 18.06.2023 околу 05:50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат с.Ораовица – с.Подареш, радовишко, патничко моторно возило „пежо 307“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Радовиш, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.
По несреќата, од лекар од Итна медицинска помош на возачот А.М. му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.