сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден охриѓанец, паднал од мопед

Тешко повреден охриѓанец, паднал од мопед
илустрација

На 04.08.2022 во 11:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.