сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак во Тетово

Тешко повреден пешак во Тетово

На 23.09.2022 во 15:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Тетово, патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(27) од скопско Дворце, удрило во 26-годишниот пешак Х.Ф. од Тетово.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.