сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден велосипедист од Скопје

Тешко повреден велосипедист од Скопје
илустрација

На 16.02.2022 во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.С.(60) од Битола, удрило во велосипед управуван од А.Ѓ.(49) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.