На 24.05.2023 околу 11:35 часот во СВР Велес е пријавено дека во Итна медицинска помош биле донесени повредени З.Ж.(63) и Ѓ.М.(62), двајцата од Велес.
Според пријавеното, тие околу 11:00 часот, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37) од Велес, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.