На 24.10.2019 околу 17.30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Б.(42) од тетовско Селце, кој управувал патничко возило „ауди А4“, со странски пробни таблички, а поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. А.Б. бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.