понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец нападнат откако предупредил соседи дека го прекршуваат полицискиот час

Тетовец нападнат откако предупредил соседи дека го прекршуваат полицискиот час

Тетовец бил нападнат откако предупредил соседи пред зградата дека го нарушуваат јавниот ред и мир и полицискиот час. Настанот се случил вчера на неколку часа пред да заврши 80-часовното ограничување за движење во комплексот згради Блок 70 во Тетово.

– Во 18:30, В.С.(32) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „180“– Блок 70 во Тетово бил физички нападнат од 23-годишниот С.С., кој со уште неколку други лица, пред зградата во која живеел, го нарушувале јавниот ред и мир и биле предупредени од негова страна. С.С. и В.С. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Инаку, за текот на трите дена полициски час СВР – Тетово бележи вкупно 37 нарушување на полицискиот час. Од вкупната бројка 20 се однесуваат на периодот од недела во 7 часот до утрово во истиот термин.

За време на викенд полицискиот час се издадени прекршочни глоби за неносење маска на лице на вкупно 135 лица, а само во изминатиот 24 часовен период на 27 луѓе.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,нНови решенија за изолација изготвени им се на 44 луѓе, а изјави за самоизолација потпишале девет лица.