Вчеравечер во 23 часот, Ф.М.(36) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути во угостителски објект во гостиварското село Дебреше, во два наврати физички бил нападнат од повеќе лица.
Според пријавеното, некои од напаѓачите употребиле и метални предмети.
-Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.